Сајт на Годината 2011

Media Solutions и системот за онлајн реклами keep an eye, под покровителствaо на Претседателот на Република Македонија и Словачката амбасада во Македонија по втор пат ја организираат манифестацијата Сајт на годината во Македонија. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите Македонија како и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на веб медиумите во Македонија. Манифестацијата ќе се одржи во Скопје на 20.12.2011 година.

image



Номинирање на сајтови

Сајтови за учество во овогодинешната манифестација покрај жири комисијата може да пријави секој интернет посетител преку формата за пријавување на сајтот. Рокот за пријавување на сајтови е до 20.11.2011г. Секој интернет посетител може да пријави минимум еден а максимум 3 веб страници. Во соодветните категории:

  • Сајт на годината
  • Најиновативен сајт
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајт
  • Најдобар информативен сајт
  • Најдобар сајт за е-трговија
  • Најдобар забавен сајт
  • Најдобар блог
  • Најдобар форум



Начин на гласање

Новост за оваа година е тоа што покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 21.11.2011 и ќе трае до 10.12.2011. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10 , 6 и 2 поени.

Победниците ќе бидат објавени на 20.12.2011г. на свечената манифестација при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија. Награди ќе се даваат во следните категории:

  • Сајт на годината
  • Награда од публика
  • Најиновативен сајт
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајт
  • Најдобар информативен сајт
  • Најдобар сајт за е-трговија
  • Најдобар забавен сајт
  • Најдобар блог
  • Најдобар форум

image
image
Главни Покровители
pretsedatel
Slovakia
mio
masit
Спонзори
asidus
ktfilmedia
seavus
postermk
img
Сите спонзори