Панел Дискусија
Во рамките на манифестацијата Сајт на годината 2011 за Македонија со почеток во 12 часот и 30 минути ќе се одржи и панел дискусија на тема Интернет маркетинг трендови во Европа и Македонија. Гости и учесници со свои обраќања и презентации на панел дискусијата ќе бидат:
- 1 - Г-дин Alain Heureux – Претседател на Интерактивното биро за реклами (IAB Europe) кое претставува највисокото тело во Европската Унија за поставување на стандарди, трендови и критериуми за интернет маркетинг.
- 2 - Претставник од Gemius за ЈИЕ. Gemius американска компанија која е позиционирана како најголемата компанија за интернет истражувања, статистики и мерења во Централна и Југоисточна Европа. Gemius има свои претставништва во 23 земји и врши официјални мерења на интернет пенетрацијата, големината на интернет популацијата и социо-демографската структура на интернет популацијата.
- 3 - Претставник на Министерството за Информатичко општество и администрација
- 4 - Претставник на МАСИТ – Стопанска Комора за Информатички и телекомуникациски технологии