Жири Комисија

Жири комисијата е составена од 5 члена. Жири комисијата ги има следните надлежности: гласа за номинираните сајтови, додава сајтови во категориите за избор. Жирито своите гласови ги дава според следните критериуми:



Членови на Жири комисијата

Смилка Јанеска-Саркањац – Претседател на жири комисија
img

Родена е 1968 година во Прилеп. Во 1992 год. завршила Електро-технички факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, насока Компјутерска техника и автоматика. Во 2009 година, со одбрана на темата „Информационата технологија во стратегијата на претпријатието“ магистрирала на Економскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на насоката МБА менаџмент. Во јуни 2011 година, на истиот факултет ја одбранила докторската дисертација под наслов „Стратегиски модели на е-Управување“. Последните неколку години предава неколку предмети на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, на Факултетот за деловна економија и организациони науки и на Факултетот за компјутерски науки и информатичка технологија. Во 2011 година е избрана за асистент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Има дваесетгодишно работно искуство во ИКТ секторот во Македонија. Работела во ИКТ одделите на повеќе претпријатија од ИТ индустријата и од финансискиот сектор, на различни позиции, почнувајќи како програмер, потоа бизнис аналитичар, ИТ администратор, водач на тим за развој на апликативен софтвер, и како Директор на сектор за информатика во осигурителна компанија. Била ангажирана како сениор ИТ експерт од страна на Европската агенција за реконструкција. Посетувала бројни обуки главно од областа на менаџмент и информациски технологии. Членува во повеќе професионални здруженија. Има напишано неколку стручни и научни трудови.

Марјан Закев
img

Марјан Закев - дипломиран електро-инженер на моментална работна позиција ИТ Проект Менаџер во клиничка болница СИСТИНА. Претходни позначајни работни места: Ит Менаџер во АДИНГ АД , веб програмер во Информ. ИТ Професионалец кои се занимава со различни видови на ИТ Проекти најмногу во сферата на веб апликации. Активен корисник на интернет од 1998, додека од 1999 изработува различни видови на веб страници со користење на тековни интернет технологии. Омилен телефон HTC

Ненад Ристовски- Head of digital at Publicis
img

Ненад Ристовски, дипломиран економист по Менаџмент на Економскиот факултет Скопје. Како Head of digital во маркетинг агенцијата Публицис, има богато искуство работејќи на интернет кампањи за голем број локални и интернационални клиенти. Негова експертиза е развој и имлементација на стратегии за маркетинг кампањи на дигитални медиуми, социјални мрежи, display и mobile адвертајзинг, SEM и SEO кампањи, медиа планирање и закуп.

Ирена де Сомер – Маркетинг и ПР менаџер на Семос (претставник на МАСИТ)
img

Своето образование го има стекнато на катедрата по Англиски јазик и Американски студии на “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонија, Менаџмент на луксузен бизнис и менаџмент во мода на “Academmia del Lusso” Милано, Италија, Моден стајлинг на “Istituto Callegari”, Милано, Италија, MA Моден Дизајн на “Istituto Marangoni”, Париз, Франција.


Релевантно работно искуство:

  • Јуниор Маркетинг директор во “Гемак” Скопје, Македонија.
  • Маркетинг и Менаџмент на настани во “Ogilvy” маркетинг агенција, Скопје, Македонија.
  • Проект Асистент во Амбасада на Швајцарија, Скопје, Македонија.
  • Web колумнист за Dolcevia.com, Белгиско - Холандски online магазин.
  • Надворешен проектен соработник (copywriter) во MoMu Fashion Museum во Антверпен.
  • Проектен Координатор во Холандска Амбасада во Скопје / Координатор на модни настани
  • Менаџер во “The P World”, Скопје, Македонија
  • Блогер и експерт за социјални мрежи (irenadesomer.tumblr.com)
  • Помошник директор “Sue Ruder” Скопје, Македонија
  • PR и Маркетинг директор во Семос Групација - Скопје, Македонија

Стојан Синадинов – новинар
img

1991 г. Дипломиран филолог по Општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методи“, Скопје. Долгогодишна (дваесегодишна) соработка и публикување на текстови во десетина дневни, неделни и месечни весници, магазини и стручни списанија, интернет-сајтови, како и реализација и продукција на неколку телевизиски проекти.

Професионални интересирања: Култура, политика и општество, медиуми и уметност, односи со јавност, lifestyle…

Главни Покровители
pretsedatel
Slovakia
mio
masit
Спонзори
asidus
ktfilmedia
seavus
postermk
img
Сите спонзори